Уставните измени под знак прашалник – Заев и Касами никако да се договорат

Судбината на гласањето на Уставните измени се уште е под знак прашалник. Премиерот Зоран Заев и лидерот на Беса, Биљал Касами никако да се договорат за амандманите на опозициската партија. Доверливи извори од Движење Беса, за ТВ21 велат дека за разлика од претходната средба, денеска имало уназадување во разговорите меѓу Премиерот и претставниците на опозициската Беса. Меѓутоа од ова партија продолжуваат да настојуваат во нивните барања, тврдејќи дека нема да гласаат за Уставните измени доколку не бидат прифатени.

Најголемиот јазол се појавува кај државјанството. Од Беса велат дека терминот „македонско“може да се употреби за етничките Македонци, но не и за Албанците и другите етнички заедници. Решение гледаат во државјанството да да стои само „Граѓани на Република Северна Македонија“.

„Првото барање на Движење Беса е во амандманите на уставниот закон, државјанството за Албанците да не биде „македонско“. Значи ние бараме за Македонците да биде така како што е со договор, но за Албанците ние не би прифатиле државјанството да биде„македонско“, туку бараме да има конкретна формулација во согласност со карактерот на државата и реалноста, и правата во ниво на државјанството“, изјави Биљал Касами – Претседател на движењето Беса.

Во текот на денешниот ден, премиерот, Заев, рече дека целта на Беса е преку формулацијата „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ да не се остави впечаток дека Албанците и другите заедници, се „Македонци“, нешто што според првиот човек на владата е технички аспект, и за тоа се бара решение.

Доверливи извори на ТВ 21, велат дека досега Заев обезбедил 79 гласа. Тој не сакаше да зборува за бројки, но повтори дека дали има двотретинско мнозинство ќе биде познато на денот на гласањето. Меѓутоа рече дека прави се за овој процес да биде успешен, но доколку не успее, ќе сноси одговорност.

Премиерот исто така рече дека доколку процесот е неуспешен, пратениците кои не го заживеаја Преспанскиот договор ќе живеат со одговорност. Од независната пратеничка група на 8 исклучени пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ21 денеска рекоа дека тие не го блокираат процесот на Уставните измени, туку БЕСА. Но, сепак информациите велат дека тие нема да гласаат, доколку се прифатат барањата на оваа партија.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното