Уставните измени во Службен Весник, надеж дека ќе се ратификува и во Грција

Еден ден по гласањето на уставните измени во Собрание, премиерот Зоран Заев денеска за прв пат го употреби новото име на државата.

Во Македонија Преспанскиот договор доби зелено светло, а сега се наоѓа на семафор во Грчкото собрание. Надежите се дека до крајот на јануари договорот ќе биде ратификуван и таму. Премиерот Заев денеска им упати на, како што ги нарече, грчките пријатели, да постапат исто како Собранието на Македонија, да соберат сили за носење на позитивна одлука.

Доколку Договорот биде ратификуван и во Атина, тогаш конечно ќе стапи на сила. Потоа, Македонија има за обврска да ги извести сите држави во светот за новата одлука. Но, доколку грчкото собрание не го ратификува, Договорот пропаѓа.

Изгласаните измени синоќа со 81 глас, денеска беа објавени во Службен Весник на Македонија. Уставните измени кои Собранието ги изгласа со 2/3 мнозинство, не мора да бидат да бидат потпишани од Претседателот на државата.

Грчките медиуми пишуваат со позитивен тон дека и таму ќе биде ратификуван Преспанскиот договор. Анализите на многу грчки медиуми велат дека премиерот Алексис Ципрас веќе има обезбедено потребно мнозинство од 151 глас за ратификација на Договорот. Според дневниот грчки весник То-Вима, се очекува да гласаат и пратениците од “Независни Грци“ и од опозициската “Потами“. Овие денови се очекува и средба меѓу Премиерот Ципрас и неговиот коалиционен партнер Панос Каменос.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното