Ноќта на 30 октомври мораме да ги поместиме стрелките на часовниците еден час наназад поради зимското сметање на времето. Промената на зимско сметање на времето годинава ќе се случи во недела во 3 часот навечер, кога времето го менуваме еден час наназад – од 3 до 2 часот. Астрономското време е она што го користиме од октомври до март, односно зимско време.
Летното сметање на времето се користи за подобро усогласување помеѓу дневните часови и активните часови на работниците и студентите.
Движењето на стерлките во Европа беше воведено во 1976 година на барање на Франција.
Идејата за промена на времето првпат дојде кај Бенџамин Френклин. Тој напиша писмо до уредникот на весникот „Пари журнал“ во 1784 година, сугерирајќи им на Парижаните да станат и да си легнат порано.
Во пракса, идејата беше спроведена од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година како мерка за заштеда на гориво во воена средина. Британија беше втората земја што воведе летно сметање на времето првично од 21 мај до 1 октомври 1916 година. САД го следеа примерот во 1918 година.