Утре и во сабота утринската температура ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви – се очекуваат и врнежи од дожд!

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=18°C. P=980hPa. U=25%. V=2m/s.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Утре и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.