Македонија

Утре ќе биде соопштена цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

Утре ќе биде соопштена цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките за цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија, вклучувајќи ги МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО.

АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават-час, што е за два евра повисоко од досегашната цена која ја продавала на универзалниот снабдувач. Оваа цена ќе има големо влијание на конечната цена на струјата за граѓаните од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати истакна дека не очекува значајни промени во цената на струјата. Ако има зголемување, според него, тоа ќе биде минимално, од еден до три проценти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни