Македонија

Утре не очекува нестабилно време проследено со пороен дожд и грмежи

Утре не очекува нестабилно време проследено со пороен дожд и грмежи

Од УХМР известуваат дека утре доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења.

Во недела ќе биде променливо облачно и ветровито, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура во недела и во почетокот на следната седмица ќе биде пониска за 3 до 5 степени, особено во северните делови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни