Македонија

Утре седница на Советот за безбедност, главна тема – вонредната состојба

Утре, 30 мај 2020 година, сабота, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Facebook и YouTube каналот на Претседателот.

Во согласност со препораките за заштита од КОВИД-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни