Регионалниот самит за безбедност, економија и мир во земјите од Западен Балкан ќе се одржи утре во Приштина во организација на Економист (The Economist), пренесе Бета.
Ќе се разговара за руската воена агресија врз Украина, недостигот на струја и поскапувањето на стоките и услугите во светот, пренесува агенцијата Телеграфи, која е медиумски покровител на самитот.
Беше наведено дека „регионот има клучна улога во поттикнувањето на мирот, соработката и единството преку различностите за Европа“, и беше посочено дека за да имаат корист од ова, земјите од регионот „ќе мора да ги решат регионалните конфликти и олеснување на реформите кои го намалуваат јазот со најразвиениот дел Европа“.