Македонија

Утринава сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје, три лица повредени

Денеска (10 јануари) околу 4 часот и 10 минути на автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила:„бмв“ со струмички регистарски ознаки управувано од М.Е.(27) од Струмица и „фолксфаген голф“ со тетовски ознаки, што го управувал 38-годишниот тетовец Л.А.

Во несреќата, возачот на „бемвето“ задобил тешки телесни повреди, а возачот на „голфот“ и сопатникот A.А.(62), исто така, од Тетово завршиле со телесни повреди.

Тројцата повредени пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни