Македонија

Утринава сообраќајка во Аеродром, автомобил удри во столб

На булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром утринава се случи сообраќајна незгода во која патничко возило марка „рено“ удри во столб.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека според првичните информации нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.

Сообраќајот во овој дел од градот утринава се одвиваше отежнато. Незгодата во СВР Скопје е пријавена во 08:40 часот. Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни