Утрото по потонувањето на популарниот белградски сплав „Фристајлер“ на Сава, се уште се видливи остатоците од синоќешната гужва и паника што владееше меѓу гостите кога водата со голема брзина почна да навлегува во објектот.
Поголемиот дел од сплавот е под вода, задниот дел кој синоќа беше делумно под вода сега е повеќе од половина во Сава.
Новинарите од Србија пренесуваат дека забележаа двајца мажи во близина на сплавот, кои најверојатно се обезбедувачи, а на пристапот до сплавот беа оставени машки чевли, високи потпетици во калта, чанти, јакни, како и остатоци од новогодишни украси.
Да потсетиме, сплавот вечерва нешто по полноќ почна да тоне. Како што дознавме на лице место, кога сплавот почна да се навалува и водата почна да навлегува, на толпата и беше кажано да го напуштат клубот полека и еден по еден.
Бидејќи сите беа исплашени, некои почнаа да бегаат, но разумот надвладеа, па немаше стампедо.
Сите гости беа успешно евакуирани пред речиси половина од сплавот да исчезне во реката.
Полицијата синоќа не дозволи никого да се доближи до објектот кој се уште беше врзан за блискиот столб. Имаше страв од струен удар.
Истрагата треба да утврди како дошло до потонувањето.