Македонија

Утрово најстудено во Берово -4 степени

Утрово најстудено во Берово -4 степени

Студено утро е регистрирано во повеќе градови низ земјава, а најниска температура од -4 степени е измерена во Берово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Битола се измерени 0 степени, додека 1 степен е регистриран во Демир Капија и Струмица. Три степени се измерени во Тетово и Велес, а 4 степени во Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци и Гевгелија.

Во Скопје утрово се измерени 6 степени, додека во Крушево температурата достигна 9 степени.

Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време, со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни