Македонија

„В понеделник ќе се објави ново мнозинство, ќе се изненадите“ – дали Владата ќе паѓа?

Зекирија Ибрахими од Алтернатива вечерва гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, каде посочи дека ќе се изненадиме и додаде дека во понеделник ќе се објави ново владино мнозинство.

Иначе, претходно тој истакна дека во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е формирањето на ново мнозинство, а од нив има и поддршка.

-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка, истакна Ибрахими.

Ибрахими додаде и дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни