Вага – годишен хороскоп за 2025 година! Бракот се тресе до март, а напредок во кариерата следи по 9 јуни

Во Новата 2025 година влегуваме со ретрограден Марс, што ќе биде тешко за Вагите, особено ако имаат деловен или приватен партнер. Вагите кои се во брак би требало да избегнуваат важни одлуки до крајот на февруари, бидејќи лесно можат да згрешат. Сатурн и Нептун во Овен од мај до есен носат нови емотивни лекции и доза на сериозност што ви недостасуваше во вашите врски.

Ви го претставуваме годишниот хороскоп за Вага за 2025 година.

ВАГА

Работа – Бидејќи во Новата 2025 година влегуваме со ретрограден Марс во Лав, кој ја симболизира вашата втора куќа, знајте дека до 25 февруари ќе бидете незадоволни од финансиската состојба. Секоја инвестиција со ретрограден Марс може да биде погрешна, а бидејќи и оваа планета ќе престојува во Рак, ќе поминете низ стресен деловен период. Ќе имате впечаток дека ви треба двојно повеќе време за да ги завршите основните обврски, што нема да биде далеку од вистината. Поради ретроградниот Марс, ќе имате несигурни соработници, а деловното партнерство ќе биде пред колапс. Влегувањето на Сатурн и Нептун во Овен ве доведува лице в лице со реалноста, па можете да почувствувате разочарување на работното место. Главната порака за Вагите во 2025 година е да бидат пореални. Ќе ви биде нарушена потребата за балансирање во секојдневните животни ситуации, поради што ќе почувствувате отсуство на каква било контрола. Ретроградната Венера во текот на март ве предупредува да не носите одлуки кои се од клучно значење во тој месец, бидејќи ќе ви се намали рационалноста. Влегувањето на Јупитер во Рак во јуни 2025 година ви носи експанзија на работа, за да може компанијата да ги прошири своите деловни активности. Ќе го доживеете како товар, но во исто време можете да ја искористите можноста да напредувате во кариерата во вториот дел од годината. Втората половина од годината ви носи повеќе непланирани патувања.

Љубов – Влегувањето на Плутон во Водолија ви носи кармички врски со луѓе кои доаѓаат во вашиот живот да ве променат емотивно. Бидејќи во Новата година ќе влеземе со ретрограден Марс, тоа најмногу ќе влијае на вашето партнерско поле. Доколку сте во брак, комуникацијата ќе биде тешка до 25 февруари. Дискусиите најмногу ќе се водат за деловни проблеми, бидејќи вие и партнерот ќе се гушите со работните грижи. Вие сте еден од знаците кој е под најголем емотивен тест, бидејќи ретроградниот Марс носи нервоза, стрес и недоразбирање. Кога Венера ќе тргне во ретроградна состојба во март, ќе имате идеја да обновите романса, но најдоцна до крајот на април ќе сфатите дека тоа било грешка. Водолиите, Близнаците, Лавот и Ракот ќе бидат актуелни во вашиот емотивен живот во текот на наредната година. Со влегувањето на Уран во Близнаците од јули, ве очекуваат повеќе познанства преку социјалните мрежи. Интересно е што Вагите ќе бидат многу поотворени за онлајн познанства, отколку што тоа беше случај во претходните години. Затоа, немојте да се чудите доколку станете активни на социјалните мрежи во вториот дел од 2025 година.

Здравје – Чувствително.