Естетската хирургија стана еден вид „нова нормалност“, особено ако сте ангажирани во каква било јавна работа. Под тоа подразбираме актерки, пејачки, инфлуенсери, водителки … сите оние дами кои, на одреден начин, ги поставија стандардите за убавина.
Но, дали е нешто навистина убаво доколку е лажно, односно дали е лажно до тој степен што личноста толку многу се променила и всушност повеќе не е личноста како што била пред интервенцијата.
Има многу такви случаи на српската поп сцена кои за жал многу негативно влијаат на младите девојки, кои се идентификуваат и споредуваат со нивните идоли на ТВ екраните и социјалните мрежи и оние нереални и недостижни стандарди на убавина.
Најголемите „жртви“ на естетската хирургија се пејачите, старлетите, ријалити sвездите, но се повеќе и ТВ личностите – водители и новинари, кои во изминатите години претрпеа масовен тренд на корекција на физичкиот изглед.
Еве како изгледале тие пред естетските зафати:
