Се вели дека оревот е природен лек за тироидната жлезда. Ликерот од млад орев помага при проблеми со грлото, во лекувањето на респираторниот тракт и бронхитисот, но и за зајакнување на имунитетот.
Народната медицина го препорачува оревот за лекување на анемија, но и како прва помош при стомачни проблеми и за забрзување на варењето.
Сега е вистинското време да соберете млади зелени ореви и да направите ликер.
Потребно е: 1 литар ракија; 14 млади ореви; 1 лимон; 1 портокал; 15 зрна кафе; 2 ванилин шеќер, 250 грама шеќер или мед.
Подготовка: Исечкајте ги оревите, измијте го лимонот и исечете го на прстени, излупете го портокалот и исечете го на коцки. Во поголема тегла ставете ги оревите, лимонот, портокалот и кафето. Додадете мед или шеќер, како и ванилин шеќер и ракија. Да се чува на сонце до 40 дена со повремено тресење. По 40 дена се цеди и се пие.
