Балкан

Вакцината за ХПВ пристигна во Србија

Вакцината за ХПВ пристигна во Србија

Во Србија денеска пристигна вакцината против ХПВ, која од понеделник ќе се дистрибуира според планот на Институтот за јавно здравје, изјави директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Радојевиќ Шкодриќ.

– Најидеалниот период за примање на оваа вакцина е помеѓу 12 и 14 години. Државата ја обезбеди најмодерната вакцина, која е златен стандард по препорака на струката – рече Шкодриќ Радојевиќ.

Според неа, до крајот на следната недела вакцината против ХПВ ќе биде достапна во сите јавни здравствени заводи, како и во здравствените домови во Србија, јавува Радио телевизија на Србија.

Посочувајќи дека според Светската здравствена организација споменатата вакцина е една од најнебезбедните, Радојевиќ Шкодриќ рече дека децата до 14 години вакцината ќе ја примат во две дози, а другите на возраст од 14 до 19 години ќе добијат три дози.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни