Македонија

Вакцинацијата во РСМ ќе стартува во февруари – интензивни преговори за кинеската вакцина

Откако голем број на држави започнаа да тужат поради доцнењето на испораките со Фајзер вакцината, Македонија започна да бара и алтернатива.

Според министерот за здравство, Венко Филипче и останатите вакцини се добри и проверени. Во интервју за ТВ21 вели дека започнати се интензивни преговори за набавка на кинеската вакцина.

Процесот за вакцинација ќе започне во февруари, а први предност ќе имаат ризичните групи, медицинските работници, а потоа и наставници, новинари, службеници…

Кинеската вакцина нема добиено зелено светло од Европските регулативи, но министерот за здравствено Венко Филипче вели дека тоа не е проблем за таа да се набави и користи во земјава.

„И во Кина и во Русија и во било која друга земја која што ќе започне се сосема доволни националните агенции за лекови. Сега и во Германија се појавува нова вакцина“, рече Филипче во интервју за ТВ21.

Министерот Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21 вели дека Македонија целосно е подготвена за вакцините.

„Точно знаеме каде ќе се чува, без разлика да е вакцина на Фајзер која се чува на -70 степени или станува збор за останатите вакцини, некои на -20 или пак на вообичаена температура од 2 до 8 степени“, потенцираше Филипче во „10 минути“.

Системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата која според најавите на министерот Филипче треба да започне во февруари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни