Македонија

Вакцинирани 107 здравствени работници од Инфективната клиника

До овој момент 107 здравствени работници од Клиниката за инфективни болести се вакцинирани против Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Вакцинацијата против Ковид-19 во државава почна денеска во Модуларната болница при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде се вакцинираат вработените во таа јавна здравствена установа. По нив, како што истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, ќе се вакцинираат и вработените во ковид – центрите во ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Интерните клиники…

– Засега планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече Филипче.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни