Магазин

Ваква глупост не се гледа секој ден: Унгарец го паркираше аудито во море и го остави моторот запален

Несекојдневна сцена е забележана со камера во Вир во Хрватска.

Познато е дека на лето на брегот на Јадран на туристите им паѓаат на памет секакви глупости, но денешната сцена од Вир само тоа го потврдува.

Имено, еден Унгарец се одлучи да го паркира своето „ауди“ во море, а потоа тука и го остави, при што моторот останал да работи и после “паркирањето’.

Според информациите од терен, можно е да се работи за кладба, но едно е сигурно, ваква глупост не се гледа секој ден, пренесува Index.hr.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни