Валандово без новогодишно украсување – парите ќе одат за Дневниот центар за деца со попреченост

Општина Валандово нема оваа година да биде новогодишно украсена. Ова е одлука која на својот Фејсбук профил ја соопшти градоначалникот, Перо Костадинов.

„По реакциите на граѓаните, Општина Валандово нема да одвои средства за новогодишно украсување оваа година.Овие средства ќе предложам да бидат пренаменети за уредување на нови простории за потребите на Дневниот центар за деца со попреченост од нашата општина“, се вели во пораката на Перо Костадинов – градоначалник на Општина Валандово.

.

Извор: ТВ21