Ване Цветанов во „Click Plus“: „УБК е генератор на злото, се плашам за својот живот“

„Од СЈО сами побараа да го преземат случајот „Шпион“. Катица Јанева пред мене рече дека злото во оваа држава доаѓа од УБК и дека ќе се бори за вистината на виделина. Но СЈО во 2016 година стави потпис и печат на злосторот направен од Сашо Мијалков и Јован Илиевски.“

Овие тврдења ги изнесе Ване Цветанов – поранешен директор на управата за финансиско разузнавање во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21. Цветанов рече дека СЈО, кое во март 2016 година го презеде предметот „Шпион“ во кој обвинет беше и тој, не ги исполнило своите обврски, ниту пак ги расветлило политички монтираните судски предмети. Од СЈО не сакаа да ги коментираат овие изјави.

Се вчитува...

Засега, тој вели дека се плаши за својот живот.

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ – ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ

Од 2010 година до 2013 година и за време на притворот, па и после тоа помалку се плашев за својот живот и слобода, отколку сега со Горан Николовски на чело на УБК и составот дуо-трио Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска од СЈО. Јас искрено се плашам од мојата безбедност денеска повеќе од овие луѓе монструми по мене, отколку тогаш.

ЏАБИР ДЕРАЛА – ЦИВИЛ

Се плашиш дека ќе те убијат?

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ – ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ

Да!

ЏАБИР ДЕРАЛА – ЦИВИЛ

Од луѓето кои ги спомена?

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ – ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ

Да! УБК заедно во конструкција со овие.

ЉУБИША ЦВЕТКОСКИ – НОВИНАР

Дале некаде си пријавил?

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ – ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ

Нема потреба да пријавам, зошто да пријавам? Кај кого да пријавам? Кај директорот на УБК? Кој што е генератор на злото?

Цветанов рече дека директорот на УБК е човек на Сашо Мијалков и ги штити сите инспектори.

ВАНЕ ЦВЕТАНОВ – ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ

-Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање кој што беше еден од првите пет луѓе на Сашо Мијалков ги штити сите инволвирани во процесот внатре и не дава да фали влакно на ниту еден инспектор од УБК. Додека тој човек седи таму и ги штити оние кои придонесоа да имаме заробена држава, ние не можеме да говориме за владеење на правото во оваа држава.

Иако побаравме, Од УБК досега не добивме коментар за овие тврдења.

Инаку, Ване Цветанов е еден од 19те луѓе обвинети во случајот „Шпион“ за шпионажа и прибирање информации за странски тајни служби. Во јули 2014 година, обвинителството се откажа да го гони Цветанов за оваа дело.

РЕПОРТЕР: ДАНЧЕ АЗМАНОВА

Извор: ТВ21