Балкан

Вархеји во Софија – ќе се сретне со Радев, Петков и Генчовска

Комесарот на ЕУ за соседство и проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во кратка работна посета на Бугарија.

Работната посета, иако кратка, беше најавена дури утрово, јавија бугарските медиуми.

Денешната програма на комесарот Вархеи во Софија вклучува средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни