Свет

Вашингтон на нозе: Луѓето излегуваат на улиците по одлуката на Трамп да ја распореди Националната гарда

Вашингтон на нозе: Луѓето излегуваат на улиците по одлуката на Трамп да ја распореди Националната гарда

Откако Доналд Трамп најави „историска акција“ за „враќање на главниот град“, спонтано започнаа протести во Вашингтон.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Отпорете се на тиранијата“, „Трамп лаже за да го одвлече вниманието од случајот Епштајн“, „Излезете од Вашингтон“, „Нема да го имаме Трамповото Гестапо“.

Активистката Кеја Чатерџи од организацијата Слободен Вашингтон го обвини Трамп дека не се грижи за безбедноста на градот, туку за контролата, потсетувајќи на неговите потези како што се намалувањето на програмата Медикејд, отпуштањето на федералните работници и масовните депортации.

За потсетување, Трамп објави дека ја распоредува Националната гарда за „повторно воспоставување на законот и редот“. Тој најави дека првично ќе распореди 800 членови на Националната гарда за да им дадат поддршка на локалните органи за спроведување на законот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни