„Вашиот син е зафатен, ќе му пренесам порака“ – Момче вработило помошник за да одговара на пораките во семејната група

Семејните „WhatsApp“ групи се полни со пораки со се и сешто, односно таму членовите на едно семејство споделуваат работи од својот секојдневен живот. Но, сакаме ние да признаеме или не, понекогаш тоа знае да биде напорно.

Но, братот на едно момче, по име Заин Џакуба сепак пронајде решение и за овој проблем – едноставно му дал на својот секретар да одговара на пораките наместо него. Момчето објави видео на Тик Ток и се објасни.

Разговорот започнува така што неговиот татко напишал: „Заин ако во рок од 2 минути одговориш на пораката, ќе ти уплатам два долари“.

Не е ни чудо што момчето има пари за помошникот, кој бил платен само за да одговара на семејството. Исто така, тој многу побрзо ќе ги реши 75 непрочитани пораки, отколку самото момче.

Во секој случај, во одговор кон својот татко, Иан одговара (од бројот на Заин) со: „Извинете, овде е Иан, ќе му ја пренесам оваа порака на Заин и ќе ви се јавам кога ќе ви одговори“

Зак потоа се јавува и пишува „Нема шанси ова да е некој лик по име Иан“, а на ова Иан повторно одговара: „Здраво, да, овде е Иан, јас сум помошник на Заин за состаноци и советник. Заин во моментов е зафатен, но јас ќе му ги пренесам вашите пораки и тој наскоро ќе одговори, ви благодарам за чекањето“

Во неверување, Зак одговара: „Нема шанси да те најмил да одговараш на пораки во семејна група хахаха“, а повторно Иан одговара: „Поздрав на сите, ви благодарам на пораките, ги проследив до Заин и тој ќе ви одговори во најкраток можен рок. Ви благодарам“.

Зак подоцна на својот Тик Ток профил објави видео снимка со порака: „Она кога твојот брат ќе најми помошник да напише нешто наместо него во семејниот групен чат“.

Една личност во коментар под видеото предложил: „Започнете да го викате помошникот на семејните настани, наместо Заин“.

Амер, татко на браќата подоцна искоментира дека Иан навистина постои, односно се виделе преку апликацијата Зум пред околу еден месец.

@zachyaqub7

#iansecretary

♬ Spongebob – Dante9k