Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на генералниот секретар Драги Рашковски по повод денешната прес конференција во која Рашковски истакна дека ќе поднесе тужба за клевета против неа, и против неколку новинари, како и медиуми.
„Колега Рашковски, вие може да ме тужите, јас не се плашам. Но денеска не одговоривте кога ќе си поднесете оставка. Наместо да се расправате со новинари, поднесете си неотповиклива оставка која ќе биде знак на вашата морална одговорност“, рече Василевска.
Таа уште еднаш истакна дека јасно се слуша дека тендерот е наместен, и обвини за поврзаност меѓу СДСМ и Јавното Обвинителство.
„Уште еднаш денеска Рашковски ја покажа и докажа поврзаноста на СДСМ со Јавното Обвинителство. Рашковски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поднесено кривична пријава, па се прашувам како Рашковски има информации. Дали Јавното обвинителство ви реферира вам и на вашиот шеф Заев?“, праша Василевска.
Целиот говор на Василевска: