Ватсап воведува нова опција – поврзана е со приватноста, а многумина ќе бидат воодушевени!

Апликацијата Ватсап работи на воведување на поставка што ќе ви овозможи на одредени луѓе да им оневозможите да го видат статусот на вашата активност.

Пред неколку години, Ватсап имплементираше три поставки за приватност поврзани со фотографијата на профилот, опис и „последен пат видено“. Овие поставки им овозможуваат на корисниците да одлучат кој може да ги види овие информации во интеракција со нив.

Досега, во зависност од тоа што сте го одбрале, секој може да види, само контакти, или никој.

Ватсап всушност се менува со воведување нова опција: „My contacts except…“ (Моите контакти освен …), што значи дека конечно можеме да ја вклучиме оваа опција и да избереме конкретни контакти на кои тоа нема да се однесува.