AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Вчера 22 возачи возеле 70 километри повеќе од дозволената брзина, МВР ги казни

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 652 возачи.

Од нив, 61 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 312 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 340 надвор од населено место.