Одлуките кои вчера беа донесени со 81 глас ЗА во Собранието, денеска ќе бидат објавени во Служен весник по што стапуваат на сила, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Како што истакна Заев, за овие одлуки не е потребен потписот на Претседателот на државата.
„Фала богу потпис од Иванов за ова не е потребен“, рече Заев од говорницата во Владата.
