Вечерва ќе биде лансиран првиот вселенски туристички лет на „Спејс-Икс“

Вечерва „Спејс-Икс“ ќе лансира четири лица во тридневна приватна мисија во орбитата на Земјата.

Се работи за прв лет само со цивили, а со ова компанијата на Илон Маск влегува во борба за својот дел од големиот колач – „вселенски туризам“.

Ова летало ќе престојува на Меѓународната вселенска станица, а се работи за мисија далеку поамбициозна од неколкуте минути во бестежинска состојба на двата контуренти – милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос.

Летот бил изнајмен од американскиот милијардер 38-годишниот Џеред Ајзекмен, основач и извршен директор на „Шифт-4 пејмент“, но исто така, и искусен пилот.

Засега не е објавена точната сума што тој ја платил за летот, но според шпекулациите станува збор за десетици милиони долари.

„Не е дека не постои опасност!. Летате со ракета со брзина од 28.000 километри на час околу Земјата. Постојат ризици во такви услови“, вели Ајзекмен во документарецот на Нетфликс за мисијата.

Полетувањето е закажано за вечерва (16 септември) во 02:00 часот по полноќ по македонско време, а леталото ќе полета од космодромот на НАСА – „Кенеди“ на Флорида.