Вечерва направете си детокс купка: Ритуал кој ја брка негативноста, а привлекува среќа

Месечината симболично го претставува крајот на еден циклус, а кога нешто ќе заврши, мора да дојде нешто ново и подобро. Енергијата на полната месечина нè поттикнува да ги реализираме нашите намери, да се посветиме себеси, нашата внатрешна состојба, мислите и сопствената енергија.

За време на полна месечина, обидете се да се ослободите од негативните мисли и лошите енергетски вибрации и да привлечете среќа, мир и релаксација. Во тоа можат да ви помогнат разни медитативни ритуали, а еден од нив е детоксикациската релаксирачка купка.

Еве како да направите сами:

1 чаша епсом сол
1/4 чаша сода бикарбона
1/4 чаша јаболков оцет
1/2 чаша ѓумбир во прав или рендан
1 лажица косово масло

Кога ќе ја наполните кадата, наоколу можете да ставите миризливи свеќи, а покрај наведените состојки треба да има и цвеќиња и парчиња цитрус. Исклучете ги светлата, пуштете смирувачка музика и уживајте. Со бањата можете да испиете чаша црвено вино или шолја чај од камилица или маточина.

Освен што ќе ве опушти и исчисти од негативноста, оваа купка ќе има позитивно влијание и на вашата кожа. По капењето, истуширајте се со поладна вода.