Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22 часот на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ во центарот на Скопје пред Собранието.
Според информации на Сител, возило џип удирило и го соборил семафорот спроти ГОБ Свети Наум Охридски.
Полицијата изврши увид, повеќе информации во утрешниот полициски билтен.
Интересно е што и соборен на асфалтот, семафорот продолжи да работи.
