Вечерва околу 22:00 часот во с.Фурка биле подметнати три пожари, информира градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Во моментот на терен се доброволното противпожарно друштво од Дојран и противпожарните екипи од Валандово и Гевгелија.
Пожарите се локализирани и се ставени под контрола, екипите остануваат на терен да ја следат состојбата.
