Една од членките на поранешната поп група „Спајс грлс“, Мел Би откри дека веќе пет седмици се бори со коронавирусот.
„Замислувам во главата дека сум тука. Ах, какво прекрасно место – Сонцето, кристалното сино море и целосно ’расипаното‘ однесување во вилата наречена по мене… Но, во реалноста сум завиткана во креветот и се обидувам да го надминам долготрајниов ’ковид‘“, напиша таа покрај фотографија од Малдивите.
На крајот, таа порача оти „коронавирусот не е шега“!
