Македонија

Вељаноски: Судот ќе каже кој ги отвори вратите на Собранието, не сум дојден тука да давам констатации

И натаму трае исказот на екс претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Кривичниот суд каде што се одржува рочиште за настаните од 27 април и упадот во Парламентот.

Вељаноски најпрво кажа како се одвивал кобниот ден, а потоа следуваа прашања од страна на обвинетиот Никола Митровски – Кољо кој го праша екс претседателот дали има грижа на совест и мирно спие, и дали Мукоски и Василевски не требало на своја рака да ги отворат вратите од Собранието.

Вељаноски на ова му одговори:

„Судот ќе каже кој ги отворил вратите, не сум дојден тука да давам такви констатации“, одговори Вељаноски.

Александар Василевски – Нинџа му постави прашање на Вељаноски дали али им се јавил на Билјана Бришкоска Бошковски и на Сашо Василевски за да им дава насоки.

„Тоа не е точно. Можете да ме товарите и за контакти со други луѓе, но има материјални докази“, изјави Вељаноски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни