Во СВР-Велес Б.Т.(60) од Велес, вчера пријавил дека во домот на дошло непознато лице на возраст од околу 40 години и му понудило да му продаде огревни дрва по цена од 2.500 денари од кубик. Пријавителот се согласил да купи три метри кубни и заедно со лицето се упатиле кон местото каде што наводно требало да ги види дрвата.
Лицето со изговор дека треба да го земе возилото заминал од местото на настанот и се вратил во домот на пријавителот и на неговата сопругата и рекол дека нејзиниот сопруг ги зел дрвата и побарал пари. Таа му дала 7.860 денари по што лицето си заминало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
