Свет

Велика Британија ги воведе најтешките санкции во историјата кон Русија

Велика Британија ги воведе најтешките санкции во историјата кон Русија

Велика Британија воведе санкции за руски имот во вредност од рекордни 18 милијарди фунти, објави Канцеларијата за извршување на финансиските санкции на земјата.

На списокот со санкции има руски олигарси, како и други поединци и организации обвинети од Лондон за финансирање на војната во Украина.

Ги воведовме најтешките санкции досега на Русија и таа ја осакатува нејзината воена машина, рече Ендрју Грифит, финансиски секретар во Министерството за финансии.

Тој увери дека Канцеларијата прави се што е можно за „да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин и неговите корумпирани пријатели“.

Новите мерки ја прават Русија најсанкционирана земја од Лондон, според годишната анализа на Канцеларијата за извршување финансиски санкции на Обединетото Кралство.

Велика Британија воведе голем број санкции кон Москва на почетокот на украинската криза, кои Лиз Трус, тогашната британска министерка за надворешни работи, рече дека ќе бидат укинати доколку руските сили се повлечат од Украина.

Обемот на мерките против руски поединци постојано се прошируваше, со воведување санкции за врвни руски бизнисмени и поединци обвинети дека се во „внатрешниот круг“ на Путин.

Како резултат на казнените мерки во август, увозот од Русија на Островот е намален на најниско ниво во историјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни