Свет

Велика Британија за три недели пресретна 21 руски авион

Велика Британија за три недели пресретна 21 руски авион

Борбени авиони на британското кралско воздухопловство (РАФ) „пресретнале“ 21 руски авион на границата на воздушниот простор на НАТО во последните три недели за време на мисијата во Естонија, соопшти доцна синоќа британското Министерство за одбрана.

Во руските авиони имало борбени и транспортни авиони и авиони за собирање разузнавачки информации, како и бомбардери Ту-22М, соопшти British Defense.

„Овие пресретнувања се добар потсетник за вредноста на колективната одбрана и одвраќање што ги обезбедува НАТО“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Според него, РАФ работи заедно со сојузниците во изминатите три недели за да се осигура дека земјите-членки на НАТО и нациите партнери се заштитени.

Британските авиони се во Естонија од март, како дел од британскиот придонес во мисиите на НАТО. Тие ги надгледуваат руските авиони кои не комуницираат со агенциите за воздушниот сообраќај, што претставува закана за безбедноста на воздухопловството.

Авионите на ОК ќе останат во Естонија до август, кога ќе бидат заменети со шпански авиони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни