Венецуела денес објави, откако САД синоќа запленија венецуелски танкер за нафта, дека тоа претставува „меѓународно пиратство“ и „очигледна кражба“.
Во соопштението се наведува дека распоредувањето на американската војска во Карибите е дел од планот за лишување на Венецуела од нејзините енергетски ресурси, објави „Ел Паис“.
Се проценува дека запленувањето на танкерот конечно ги откри вистинските причини за продолжената агресија врз Венецуела, а тоа се природните ресурси, а не, како што тврдеше американскиот претседател Доналд Трамп, миграцијата, трговијата со дрога, демократијата и човековите права.
Венецуела: Запленувањето на венецуелскиот танкер од страна на САД претставува меѓународно пиратство
