Свет

Венс: САД не се во војна со Иран, туку со иранската нуклеарна програма!

Венс: САД не се во војна со Иран, туку со иранската нуклеарна програма!

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес изјави дека САД успешно ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп сега сака да се фокусира на дипломатско решение.

„Не сакаме да го продолжиме овој конфликт или дополнително да го ескалираме. Нашата цел е да ја запреме нивната нуклеарна програма“, изјави Венс за NBC.

Како што истакна, САД сакаат да разговараат со Иранците за долгорочно решение на ситуацијата.

Венс рече дека „САД не се во војна со Иран, туку со иранската нуклеарна програма“.

Доналд Трамп рано утрово објави дека САД синоќа нападнале три постројки за збогатување ураниум во Иран и дека сите три постројки се целосно уништени. Трамп изјави дека е постигнат „спектакуларен воен успех“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни