Ветерницата се наоѓа во Ковентри, Англија во природен амбиент. Објектот првично бил изграден за да служи како ветерница, но во 1885 година била претворена во водна кула. Денес, пак, тоа е прекрасен дом со две купатила, кујна, дневна соба, четири спални соби и тераса.
Ветерницата е од 18 век и е претворена во удобен дом, а е понудена на продажба за 1,25 милиони фунти.
Има доста простор со оглед на тоа што има пет ката, а прозорците и терасата нудат поглед на природната средина.
Имотот има и доволно паркинг простор за шест автомобили.
Градините се идеални за семејства со мали деца на кои им треба простор за играње, но се погодни и за возрасни кои сакаат да престојуваат на отворено.
Цената на имотот е 1,25 милиони фунти.
