Ветингот по изборите – ќе се испитуваат судиите и нивните влијателни групи

За големиот  број судски предмети кои  поради низа причини застаруваат,  Министерката за правда Рената Дескоска прстот го впери во судството,  најави дека по изборите ќе се спроведе ветинг и конечно да се врати довербата кај судиите. Деновиве застаре предметот Траекторија во кој обвинет е екс премиерот Никола Груевски а по него и случајот Тенковски делови на Владо Бучковски.

И додека некои дела застаруваат за други се бара намалување на казните. За оваа иницијатива утре Уставниот суд закажа колегиум со судиите на кој треба да расправаат за иницијативата на членот 353 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба, а ќе влијае врз голем дел од предметите отворени од СЈО. Претседателот на судот Сали Мурати вели дека утре детално ќе разговараат за ова, но министерката Дескоска порача уставните судии да се држат до своите надлежности.

Реформите и функционирањето на правната држава е клучно и во нон-пејперот на Франција, но и главен сегмент во одлуката за непочнувањето на пристапните преговори на Европската Унија со земјава.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното