Ветување: Од „Водњанска“ до Чаир за 5 минути – ветениот проект две години тапка во место, не е готово ниту дизајнирањето

Во 2018 година градоначалникот на Скопје презентираше проект за изградба на тунели кај Скопско кале и мост зад владината зграда кој ќе го поврзува централниот дел на град со Чаир. Но, дизајнирањето на проектот сѐ уште не е готово. Петре Шилегов на 5 март рече дека истиот ќе биде завршен до јуни, но рокот истече. Денеска тој изјави дека проектот ќе биде готов до октомври годинава.

Шилегов додава дека годинава ќе почне изведбата на едниот крак од булеварот „Македонско-косовска бригада“.  Како што вели, проектот постои од 1965 година, но ниту еден градоначалник досега не преземал иницијатива за реализација на проектот.

Во јуни минатата година за време на потпишувањето на договорот меѓу Град Скопје и турско-македонскиот конзорциум, беше кажано дека проектот треба да биде завршен за 6 месеци, но поради тоа што станува збор за голем и комплексен проект, рокот беше продолжен за дополнителни 6 месеци. Предвидено е да биде пуштен во употреба во 2022 година. Град Скопје за негова реализација ќе бара финансиски средства од Владата, а проценките велат дека ќе бидат потребни 30 милиони евра. Според она што беше презентирано, сообраќајницата ќе почнува од булеварот „Свети Климент Охридски“ и ќе биде издигната на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар долг 173 метри, широк 20 метри, а ќе има четири ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри сè до влезот во тунелот под Калето. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното