Од денска на 14 пунктови во Долненско, Крушево, Прилеп, Радовишко почна да се откупува вишокот тутун, проценет на 1.500 тони за што до крајот на месецов се продолжи рокот на откупната кампања. Најмногу ќе купи Прилепскиот тутунски комбинат.
Најмногу ќе купи Прилепскиот тутунски комбинат.
Тутун купуваат три фирми, а до понеделник и други на повеќе пунктови. И новите здруженија бараат што побрзо тутунарите да добијат амбалажа, но и да бидат информирани.
Министерот Хоџа апелира да се произведе колку што е во договорот за да има пласман, а да нема проблеми како во овој откуп. Ќе се разговара за измени во Првилникот и за нови цени.