Свет

Вежбале паркур на кулата на миланската катедрала, спречени во намерата тоа да го снимат!

Вежбале паркур на кулата на миланската катедрала, спречени во намерата тоа да го снимат!

Италијанската полиција приведе двајца млади момчиња кои во петокот наутро се качиле на главната кула на миланската катедрала додека вежбале паркур.

Младите мажи на возраст од 18 и 20 години се од Франција и се членови на групата паркур, јавуваат италијанските медиуми.

Кога нешто по 06:00 часот ги забележале случаен минувач и полицијата, тие доброволно се симнале од катедралата и биле приведени, објави на социјалната мрежа Икс (Твитер) градскиот советник за безбедност и цивилна заштита, Марко Гранели. .

Сакале да се искачат на позлатената статуа на Богородица на врвот на главната кула, на околу 108,5 метри над земјата.

Имале мобилни телефони и камери за да ја снимаат нивната авантура.

Се сомневаат дека преку ноќ се криеле во катедралата за да го снимат нивното искачување рано наутро.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни