Viber им понуди на корисниците нова услуга, која ќе им помогне беспрекорно да ги отстранат трагите од нивните пораки.
Функцијата „Избриши без трага“ е достапна за корисниците на Вибер Плус, а другите можат да ја пробаат бесплатно 30 дена.
Оваа услуга им овозможува на корисниците дискретно да ги бришат испратените пораки, без разлика дали примачите веќе ги прочитале.
Како што објаснуваат од Viber, функцијата се воведува на барање на бројни корисници.
„Ќе продолжиме со практиката да користиме повратни информации од нашите корисници за да создадеме уште повеќе од нивните омилени функции, како што е „Невидлив режим“, и на тој начин да создадеме повеќе причини за нивното задоволство и леснотија на комуникација“, рече Офир Ејал, извршен директор на Ракутен Вибер. .
