Автобус од Косово, а не од Македонија како претходно што објавија македонски и хрватски медиуми утрово излетат од автопат во Хрватска при што 10 лица загинаа, а уште толку се повредени.
За време на истрагата, полицијата утврдила дека станува збор за автобус со косовски државјанин и регистарски ознаки, кој слетал надвор од патот кај Славонски Брод рано наутро во неделата.
Според моментално достапните информации, во сообраќајната несреќа загинаа 10 лица , додека десетици беа пренесени во болницата во Славонски Брод на лекување.
Неофицијално дознаваме дека во автобусот имало 69 патници . 16 од нив се тешко повредени, од кои четворица се во критична состојба, а 34 лица се полесно повредени и згрижени се во Итната медицинска помош. Четирите деца кои биле во автобусот не биле повредени.