(ВИДЕО) 16 загинати во руски напад на пазар во Константиновка

Најмалку 16 лица загинаа во рускиот напад на пазарот во Украина, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во рускиот напад на градот Костантиновка во Доњецк загинаа 16 лица. Нападнати беа пазар, продавници, аптека. Луѓе кои не направија ништо. Многумина беа ранети. За жал, бројот на жртви може да се зголеми. Моето сочувство до сите кои изгубија најблиски“, напиша тој.