Ракијата, традиционален балкански жесток пијалок, е позната по својот интензивен вкус и висок процент на алкохол. Иако е омилена во регионот, за многумина однадвор може да претставува вистински предизвик за непцето. Токму тоа го искусиле Американки кои неодамна на ТикТок се обиделе да ја пробаат ракијата првпат, а нивната реакција ја насмеала публиката ширум светот.
Видеото, кое за кратко време собра повеќе од 312 илјади лајкови и преку 2.000 коментари, прикажува како една од девојките по само неколку секунди пиење ракија буквално го фаќа стомакот, како да ѝ гори во желудникот.
@komljenovicdavid first time trying balkan drink#college #internationalstudent #fy #collegelife ♬ original sound – davidkomljenovic
Публиката не штедела зборови во опишувањето на овој урнебесен момент. Една личност напишала дека девојката „се вратила на фабричките поставки”, додека друга коментирала: „Знаете дека е лошо кога е во шише од Кока-кола”, aлудирајќи на вообичаениот трик на Балканците да жестоките пијалаци ги точат во празни шишиња од газирани пијалаци.
Многумина ја пофалиле “храброста” на девојките: „Не знам што е ракија, но начинот на кој втората девојка реагираше по повеќе од еден голток ми кажува сè,” напишала една личност, додека друга признала: „Го почувствував вкусот преку видеото,” „Тешко е да се гледа ова како Балканка“, напишала една, додека друга пофалила: „Сосема добро го поднесе.”
И додека реакциите на Американките предизвикуваа шок и смеа, една жена се потсети на своето искуство: „Првпат го пробав ова во Несебар и навистина мислам дека можеше да ми ја запали устата.” И како да ја потврдува старата балканска пракса, некој додаде: „Секогаш во шише од Кока-кола, Фанта или Спрајт.”
Ова вирусно видео уште еднаш покажува дека ракијата не е за секого, но дека заедничкото искуство и урнебесниот шок што го предизвикува можат да ги обединат луѓето и надвор од Балканот, преку смеа и препознавање на интензитетот на вкусот.
