Свет

ВИДЕО Апокалиптични фотографии од Италија, страшен порој носеше се пред себе: оштетени патиша, мостови, автомобили, куќи

ВИДЕО Апокалиптични фотографии од Италија, страшен порој носеше се пред себе: оштетени патиша, мостови, автомобили, куќи

Драматична снимка од Италија, која денеска беше споделена на социјалните мрежи, покажува како изгледаше кога поројот однесе се пред себе, вклучително и дрвени мостови, во невремето што синоќа го зафати Јужен Тирол, на северот на земјата.

Надојдениот планински порој беше предизвикан од бура што зафати неколку области, главно областа Трентино-Алто Адиџе, во долината Пустериа.

Според тамошните медиуми, потоците, од кои најголем е Фуркелбах, во општината Оланг во близина на границата со Австрија, се претвориле во порои кои носеле дрвени мостови и автомобили од улиците, додека водата стигнала и до локалните куќи.

Како што претходно пишуваше „Блиц“, силното невреме со грмежи предизвикало голема штета, но нема повредени, пренесе агенцијата „Анса“.

Патиштата се блокирани од кал и отпад што зад себе ги остави поројот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни